Везови

Постојат повеќе техники на вез, но Елена Мехмети најчесто користи бел вез, полненица и комбиниран вез.
- Интересот за вез се јавува по потреба и најчесто е баран од нашите креатори за некоја нивна креација. Тука имам шанса да учествувам во моделите. Заинтересираноста да се научи да се везе е многу мала, затоа што бара многу труд, а малку се цени. За мене везот претставува големо задоволство и начин на искажување. Со моите везени мотиви и целосна изработка се имаат венчано многу познати двојки.
Странците исто така ги обожаваат везените елеци од лен со стилизирани етномотиви. Според мене, секогаш ќе има потреба од некој убав везен мотив, бидејќи така се облагородува материјалот. Везот ќе живее сѐ додека има мода, а секогаш има потреба од уникатни парчиња - вели Елена Мехмети, која 15 години се занимава со везење.
Според неа, голем предизвик е да се работи на секој нов модел, а најчесто ја инспирираат етномотиви.
- Везам секогаш различно, од етномотиви до апстрактни моменти, а и по замисла на клиентите.
Луѓето знаат колку вреди да се има уникатно парче со рачно изработен вез, без разлика дали ќе биде по нивна желба или моја инспирација, затоа што може да се спореди со сликање на платно - додава Мехмети.

Повеќе информации може да најдете на:

1 comment:

  1. Дали барате позитивен заемодавател за заем за да го ослободите вашиот финансиски проблем, тогаш би сакале понуда за заем за педро, Педро ми понуди заем со стапка од 3% рентабилност и целиот процес помина без проблеми како што очекував, можете да му испратите е-пошта ако ви треба вид на заеми Е-пошта: pedroloanss@gmail.com Или Whatsapp: +18632310632

    ReplyDelete