Friday, November 14, 2014

Фолклорот како инспирација

Најверодостојниот резултат од духовниот порив на народниот гениј - одраз на душата од македонскиот народ е музичката фолкорна традиција. Таа е нераскинлив дел од духовноста,традиција која е творечки континуитет - врска меѓу исконот и сегашноста.
Музичката фолкорна традиција е олицетворена во игрите,ората и македонските народни песни, илјадници на број, испеани многу одамна. Но и покрај тоа, таа не е само архаичен духовен продукт или некаков антиквитет со музејска вредност, туку пренесувана од колена на колена, се негува кај народот и денес.Таа е директиот линк со минатото на македонскиот народ.
Македонската народна уметност е посебен културен феномен пред кој не се останува рамнодушен. Базирана е на културни вредности уште од античкото македонско искуство, но во неа се инволвирани и елементи од подоцнежните периоди но и по некој елемент од народи кои низ вековите суштествувале на овој простор.
Сето,поминато низ креативниот дух на Македонецот. Продуцирани се високо и крајно оригинални уметничко-занаетчиски вредности чиј најјак израз е феноменот на народната уметност.Во неа се вткени вековните предизвици,стремежи,страдања,но и надежи на македонскиот народ.Во такви констелации, богатство на форми и изразни средства , тие и не се ништо друго туку емотивна и уметничка реакција на бурните културни и историски процеси низ кои минувал Македонецот во изминатите милениуми.

No comments:

Post a Comment